Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово изработи проект за уредување на Бислимската клисура, која се наоѓа на 5 километри од Куманово по долината на реката Пчиња.
Проектот ќе чини 5 милиони денари, а во вторник ќе биде презентиран на претставници од Агенцијата за рурален развој, која треба да одобри сретства за негова релизација.
Ако помине проектот, ќе се постават две големи информативни табли едната кај село Пчиња, другата кај Орашачки мост на кои ќе наведат најнеопходните информации за клисурата. Потоа се предвидува изградба на неколку пешачки патеки, клупи и летниковци.Пред пештерата истотака ќе има 4 информативни табли, а ќе гледаме и да се истрасира патот во должина од 1,5 км низ клисурата. Ако има доволно пари ќе се направи и висечки жичен мост да се поминува од едната до другата страна на реката. Во вторник ќе гледаме оваа приказна да им ја доловиме на претставниците од агенцијата- изјави Зоран Павловски, раководител на сектор за локален економски развој во Општина Куманово.
Тој се надева дека оваа клисура ќе биде брендирана и ќе се промовира како туристичка атракција.
На вчерашната седница на Советот на Општина Куманово, советниците го поддржаа проектот, а советникот од ВМРО - ДПМНЕ Јовица Станковски како археолог кажа дека ова богатство треба да се сочува за идните генерации.
Се работи за еден укинатен пејзаж. На тој простор има диверзитет на растенија и животни. Ние малку водиме сметка за нашето природно опкружување, градовите се шират. Мој предлог е да се аплицира за овој простор согласно Законот за споменици, да биде културен предел со повисок степен на заштита - рече Станковски.
Бислимската клисура се наоѓа на 5 км оддалеченост од Куманово, располага со неколку пештери, ендемски видови на растенија и недопрена природа.