×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за зависности на метадон

    22.10.2010 09:56 | KumanovoNews

     Над 100 зависници од опојни дроги се лекуваат во Центарот за зависности во населбата „Гоце Делчев„.  Во Центарот се користи методата на метадонска терапија, со која пациентите постепено треба да се одвикнaт од користењето на дрога.

    Центарот за зависности на метадон

    Метадонот се дава под лекарски надзор и по неговото примање пациентот е мирен 24 часа и нема потреба од следно дозирање. Кај нас се користи исклучиво оваа метода на лекување иако има и други начини. Јас досега не сум слушнал ни еден пациент целосно да се тргнал од метадонската терапија, бидејќи оваа терапија ја користат лицата кои долго се зависници - вели невропсихијатрот Драги Караџински.

    Центарот за зависници е отворен во октомври 1996 година и лекарите сметаат дека оваа здравствена институција е немоќна самата да се справи, бидејќи другите институции малку учествуваат во решавање на овој комлексен проблем.

    Околу 900 наркозависници моментално се регистрирани во кумановскиот регион, но ако оваа бројка се зголеми за најмалку 5 пати ќе се добие реалната слика. Куманово според бројот на жителите е прв во Македонија по бројот на наркозависниците - тврди Караџински.  

     Од функционирањето на Центарот досега 73 лица починале како резултат на предозираност или користење на некоја друга психотропна супстанца.