×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Централниот регистар со продолжено работно време

    25.02.2011 13:49 | KumanovoNews

    Регионалната регистрациона канцеларија Куманово,  ги вклучи сите расположиви човечки ресурси за непречен прием на годишните сметки, брза и квалитетна услуга и избегнување на гужвите за прием на годишните сметки.

    Централниот регистар со продолжено работно време

     Централниот регистар на Република Македонија ќе врши прием на годишните сметки и финансиски извештаи за 2010 година со продолжено работно време и тоа:

      · 25 февруари (петок), 28 февруари (понеделник) и 1 март (вторник) – од 08:30 до 20:00 часот

    ·  26 и 27 февруари (сабота и недела) – од 08:30 до 16:30 часот.

    Централниот регистар на РМ на овој начин им излегува во пресрет на сите граѓаните и правни лица кои имаат обврска да поднесат годишна сметка за изминатата 2010-та година. На ниво на секоја регионална канцеларија, вклучително и Регионалната регистрациона канцеларија Куманово, најактивно се вклучени сите расположливите човечки ресурси за да има непречен прием на годишни сметки, брза и квалитетна услуга и избегнување на можноста од создавање редици на чекање заради прием на годишните сметки.

    Заради непреченост во процесот на внесување и обработка на годишните сметки за 2010 година, во оваа прилика ги информираме граѓаните дека има извесни промени во обрасците за поднесување на сметките, и тоа во образецот за Државна евиденција и образецот за Биланс на приходи и расходи. Исто така, оваа година обрасците задолжително треба да имаат, покрај стандардните - назив на правниот субјект, седиште и ЕМБС, и наведено лице за контакт со негов телефонски број и даночен број за правното лице, без кои податоци нема да можеме да доделиме деловоден број за годишната сметка и истата нема да може да се обработи.

    За сите информации и нејаснотии, граѓаните слободно можат да се обратат до нашата канцеларија или да ја посетат нашата интернет страна www.crm.org.mk