Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Клубот на жени при Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз - Куманово во пресрет на утрешниот празник го честиташе меѓународниот Ден на жените 8 март, со желба за успешна работа и просперитет во сите домени од нивната активност.
„Жената во светот воопшто како и кај нас, во минатото и денес се има докажано како еден од столбовите на општеството во правец на прогресивно остварување на основното право - правото на раѓање и правото на живот, но и на останатите човекови права и слободи. Жената во Македонија како и во Куманово, покрај на планот на мајка и домакинка, од година во година се‘ повеќе се потврдува и како вредна работничка и службеничка, но и како политичар и раководител. Честитајќи им го утрешниот празник, на сите жени на Куманово им посакувам многу успех и среќа во нивните активности за натамошно унапредување на нивниот статус во општеството„ - им порача на жените во пресрет на нивниот празник претседателката на Клубот на жените на СДСМ од Куманово Драгица Велковска.
Воедно ги покани нивните членки на утрешниот свечен коктел во седиштето на Општинската организација на СДСМ во 12 часот.