Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски на граѓаните на Куманово им го честиташе Илинден и ги покани во што поголем број да се приклучат на прославата во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
На сите мои сограѓани им го честитам големиот македонски празник 2 Август, двата Илиндена од 1903 и 1944 година.Тоа се најсветлите датуми во македонска историја кои ќе не водат напред во светла и просперитетна иднина.Да сте живи и здрави и за многу години да славиме во поубаво Куманово - рече градоначалникот.
На централната прослава во Пелинце ќе присуствува претседателот Ѓорѓе Иванов, а ќе се приклучат и делегации од локалната самоуправа невладини организации, борци, политички партии од Куманово. Меѓу гостите ќе биде и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.