Четири улици без водoснабдување
31.08.2012 06:22
| KumanovoNews
Утринава вода нема на четири улици од кои две се наоѓаат во центарот на градот и две во околните населби.

Без вода се граѓаните кои живеат на улица “11 Ноември“ во Бедиње и улица “317“ во населбата Ајдучка Чешма. Вода нема и на улицата “Перо Чичо“ која се наоѓа кај Гимназијата “Гоце Делчев“ и улица “Сава Ковачевиќ“ во близина на болницата. Дефектите ќе ги отстранат вработени во ЈП“Водовод“ во текот на денот.
Во меѓувреме други прекини во снабдувањето со вода не се регистрирани.