Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На дневен ред ќе се најдат 13 точки, од кои повеќето се извештаи за работа, разрешување на членови од телата и комисиите на Советот, како и назначување на претставници во управните и надзорни одбори во училиштата и јавни претпријатија.
1. Извештај за работа на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2010 година;2. Финансиски извештај на приходи и расходи за 2010 година на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;
3. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2010 година;
4. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2011 година;
5. Предлог – Програма за поставување на урбана опрема во Општина Куманово;
6. Програма за работа на Фондацијата за култура и спорт ‘‘Куманово‘‘- Куманово за 2011 година;
7. Информација за работа на комисии за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот за правни и физички лица за пресметка на данок на имот на подрачјето на Општина Куманово;
8. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Куманово;
9. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Советот на Општина Куманово;
10. Предлог - Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
11. Предлог – решенија за разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија во Општина Куманово;
12. Предлог – решенија за разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните установи во Општина Куманово;
13. Предлог – решенија за разрешување и именување на претставници од Општината Куманово за членови на училишните одбори во основните и средните училишта.
Седницата ќе се одржи утре со почеток во 10 часот.