Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците утре ќе ја одржат четириесетата-редовна седница на Советот. На дневен ред ќе се најдат единаесет точки, меѓу кои и одлуката за формирањето на ново друштво за погребални услуги.
Дневен ред:
1. Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за 2010 година,
2. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово, во текот на четвртото тромесечие од 2010 година;
3. Годишен Извештај за 2010 година на Територијална противпожарна единица Куманово;
4. Програма за работа на Територијална противпожарна единица Куманово за 2011 година;
5. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2010 година;
6. Предлог - Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2011 година;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Актот - Изјавата за основање на Друштво за погребални услуги ЧИСТОТА - ПОГРЕБАЛНО ДООЕЛ Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цени на саксиско цвеќе, резано цвеќе, пропратен материјал и на сезонско цвеќе од сопствено производство, кои ќе се продаваат во продавници на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ Куманово;
9. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2010 година и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2010 година;
10. Извештај за реализација на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2010 година;
11. Предлог- Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година