Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на Црвен крст Куманово, синоќа во Занаетчискиот дом го одбележа јубилејот – 80 години од основањето на Црвен крст на Македонија.
Прославата беше под мотото „Ние гледаме луѓе“, кое ја истакнува важноста на хуманитарната работа на Црвениот крст во земјата.
„Црвениот крст е една од водечките хуманитарни организации во Македонија, која секојдневно работи на подобрување на животниот стандард на луѓето. Ние сме најблиски до граѓаните и институциите, и секогаш ќе продолжиме да придонесуваме за нивниот развој и добробит“, истакна д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија.
Тој додаде дека Црвениот крст на Македонија е директен сведок на развојот на државата, бидејќи организацијата започнала со работа во 1945 година, истата година на нејзиното формирање.
Претседателот на општинската организација на Црвен крст д-р Нухи Јусуфи, ја истакна важноста на волонтерството.
„Во Куманово имаме голем број на волонтери, што ја потврдува важноста на нашата работа. Нашата организација е една од најголемите во Македонија, и имаме одлична соработка со локалните самоуправи во Куманово, Липково и Старо Нагоричане“, нагласи Јусуфи,
Тој најави отворање на нов Центар за активно стареење за лица во зрела возраст во Куманово, што дополнително ќе ја зголеми помошта за најранливите групи во општеството.
На настанот присуствуваа претставници од општините во регионот, локалните институции, здруженија, граѓански организации, компании, членови и волонтери.
На општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане им беа доделени бчагодарници за нивната долгогодишна соработка и поддршка на активностите на Црвениот крст.
Црвен крст на Македонија, основан во 1945 година, е единствената сертифицирана организација на Балканот. Организацијата има повеќе од 97.000 волонтери на глобално ниво, а формирана е во 1863 година во Женева. На Балканот започнала со хуманитарни активности уште во времето на Кралството Југославија.
Централната прослава на 80-годишнината на Црвен крст на Република Северна Македонија ќе се одржи на 17 март во Скопје.