Црвен Крст организира акција за Денот на гладните
09.10.2013 11:11
| KumanovoNews
На 16 октомври - Денот на гладта, Црвен Крст Куманово ќе обезбеди помош за нјасиромашните семејства.

Волонтери по симболична цена ќе продаваат хуманитарни бонови на граѓаните и во фирмите и со тоа ќе обезбедат помош за најсиромашнита категорија на граѓани.
Мотото на кампањата е “Помислете и на нас...“. Оваа кампања е традиционална и се организира за помош на ранливото население кое ќе добие семејни пакети со храна.