×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвенковски го отвори регионалниот изборен штаб во Куманово

    09.04.2011 08:00 | KumanovoNews

    Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, синоќа го отвори регионален изборен штаб на втората изборна единица во Куманово. Во присуство на централното и општинското раковоство,голем број на членови и симпатизери, СДСМ го отвори првиот регионален штаб во државата и со тоа ја започна предизборната трка.

    Црвенковски го отвори регионалниот изборен штаб во Куманово

    Не чека тешка битка, но и многу значајна битка. Ќе треба многу да се одработи, ќе треба да ја изораме цела држава, да влеземе во секое населени место, во секое село и населба.Да чукнеме на секоја врата. Да разговараме, да информираме, да ги охрабриме луѓето и да ги мотивираме на 5 јуни да излезат на избори. Народот не е задоволен, народот знае дека ова е кошмар што треба да запре. Клучна работа е дали ќе се охрабрат луѓето масовно да излезат на избирачките места. Ако се случи тоа, ќе се случи и победа. А ќе се случи ако една организирана политичка сила, која ќе биде вистински лидер, тоа сме ние СДСМ, биде со луѓето на терен, да видат дека не само знаат кој треба да си замине од власта, туку знаат и кој треба да дојде на власт. Посакувам од ова место, токму од овој штаб да дојдат првите победнички вести, кои ќе навестат победа во цела Македонија -рече Црвенковски.

    Тој упати честитки до луѓето кои ќе го водат регионалниот и општинските изборни штабови, и при тоа им порача во наредните 57 дена да го дадат својот максимум, и да бидат пример за членовите на СДСМ во освојување на власта.

    Шеф на Регионалниот штаб на изборната едница 2 е градоначалникот Зоран Дамјановски, негов  заменик, директорот на ЈП„Водовод„ Виктор Божиновски, а секретар Мартин Костовски, секретар на ОО СДСМ. Во општинскиот изборен штаб, претседател е секретарот на Општината Оливер Спасовски, заменик Сашо Петрушевски директор на ЈП „Чистота и Зеленило„, а секретар „Ѓоко Петрушевски„, поранешен секретар на ОО СДСМ.

    Присутните на отварањето ги поздрави и шефот на Регионалниот штаб.

    Од денеска почнува работата на изборниот штаб,и во наредните два месеци не чека многу работа, по што на 5 јули ќе славиме изборна победа.Сигурен сум дека народот ќе ја препознае целта и нашите заложби и со тоа ќе се стави крај на оваа однародена власт- рече Дамјановски.

    Во изборната единица 2 припаѓаат осум општински изборни штабови и тоа општините:Старо Нагоричане, Липково, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Гази Баба, Бутел, Чучер- Сандево и Арачиново.