×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цвеќе за српските авијатичари

    06.04.2011 12:12 | KumanovoNews

     Амбасадорот на Република Србија во Македонија, Томислав Ѓурин и претставници на неколку здруженија на Србите во градот, предпладнето положија цвеќе на споменикот на паднатите пилоти во населбата Долно Којнаре.

    Цвеќе за српските авијатичари

     За крвавата битка пред седумдесет години, кога осум српски пилоти храбро ги дале своите млади животи,  зборуваше Часлав Јовановиќ, претседателот на Обединетата српска зедница во Куманово.

    На овој ден им одаваме признание, и се сеќаваме на тој 6 април 1941 година, кога два часа пред бомбардирањето на Белград и започнувањето на Втората светска војна во Југославија, биле предадени и убиени орлите на Петиот ловечки полк на војската на Кралството Југославијаа на аеродромот Аџитепе.Тие ги положиле своите млади животи во нерамноправана борба со фашистичкиот окупатор. Тое е пример како се брани и гине за државата, што треба да служи за пример на сите во овие тешки времиња - рече Јовановиќ.  

    Претставниците на амбасадата, побараа да се посвети поголемо внимание на Споменикот на загинатите пилоти, и неговото уредување и одржување од страна на локалната самоуправа.