Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ѓокица Величковиќ (21) од Куманово има сериозни здравствени проблеми, и потребна му е итна операција за трансплатација на коскената срцевина во Германија.
Самата трансплатација чини 175.000 евра, а потребни се пари и за придружба за време на операцијата. Фондот за здравствено осигурување покрива 80 проценти од сретствата, а 20% се на товар на пациентот. Неговото семејство грчевито се бори да ги обезбеди, но не е моќно тоа да го стори само.
Во години кога треба најмногу да се радувам на животот со сите негови убавини и предизвици, како на приватен така и на професионален план, јас се соочувам со сериозни здравствени проблеми. Затоа започнувам борба за највредното и најскапото нешто, а тоа е моето здравје. Но за да ја продолжам оваа борба немам доволно парични средства. А имам само 21 година- вели младото момче.
Семејството Величковиќ ги моли сите хумани луѓе и претпријатија, кои се во можност, да помогнат, за да ја добијат големата битка за оздравување на Ѓокица. Колку побрзо се соберат потребните пари, толку побрзо тој ќе замине на тешката операција во борба со опаката болест. Еден дел од сретствата собрале, а недостасуваат уште петнасетина илјади евра.
Од мое лично име, и од името на моето семејство однапред благодарам на сите, кои ќе донираат на следните броеви или ќе уплатат сретства на наведената жиро-сметки, вели Ѓокица.
Т-mobile 070 143 107
ONE 075 143 700
VIP 077 143 700
жиро сметка:
300001000021827 Комерцијална Банка АД Скопје
девизна сметка 02-307-0533507.4 Комерцијална Банка АД Скопје