Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека Законот за легализација на бесправно изградените објекти е селективен и дискриминаторски.
Законот за легализација на дивоградбите е очекуван затоа што ќе реши поголем број од актуелните проблеми. Но во овој закон гледам и политика бидејќи е селективен и се оди само определен број и група на дивоградби. Бидејќи не се опфатени сите дивоградби, нормално е дека е дискриминаторски поради привилегираната цена за легализација во однос на регуларните комунални давчки. Законот е повеќе популистички отколку објективен - смета градоначалникот Зоран Дамјановски, кој е и потпредседател на ЗEЛС.
Во Куманово има над 1300 дивоградби од кои најголемиот дел се лоцирани по течението на реката Кумановка и железничката пруга во населбата Перо Чичо, населбата Пуковско и зад стадионот на Башкими.