Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфрли обвинувањата на групата мали луѓе кои денеска тврдеа дека неможат да се вработата во локалната администрација затоа што не се членови на СДСМ.
Тој ги нарече млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што запловиле во национал-романтични води, кои сејат магла и фрлаат прав во очите на граѓаните на Куманово.
Дали можат да ми набројат за 5 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ колку луѓе има вработено од СДСМ Куманово, а уште поконкретно дали воопшто некој од СДСМ добил тендер или било која друга работа од Владата или министерствата.Затоа кога барате правда и фер игра прво треба да ги почитувате правилата Вие како централна власт- одговори Дамјановски.
Градоначалникот тврди дека во неговиот мандат не истерал ниту еден вработен во локалната администрација, и покрај тоа што во образованието над 400 вработени имаат партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ, а на 250 ангажирани по договор на дело секоја година им ги продолжува решенијата за работа.
Ние вработуваме по Законот за администрација, во соработка на Агенција за државни службеници по објавени конкурси и со анкето тестови. Наспроти тоа Владата врши комплетна партизација на работните места со нивни членови и активисти во секој сегмент на општественото живеење - рече градоначалникот.