Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Jас од мое лично име и од моите соработници ви порачувам да не губите време, ние ова го правиме во рамките на законот
Колку што можам денеска да видам тука нема ни еден претставник од Влада и опозицијата на Советот да го проследат денешниот успех на локалната самоупрва.Затоа ја користам оваа прилика да им порачам, да не одат во полиција и да бараат да се испита проектот гасификација, да не бараат налози за кривично гонење. Ова е дефинитивно најдобриот проект во Македонија, проект со кој треба да се гордееме, а МВР работи веќе два месеци за да најде нешто со што ќе се обвини локалната самоуправа. Во наредните месец и половина ќе пуштиме уште 12 вакви објекти, јас од мое лично име и од моите соработници ви порачувам да не губите време. Ние ова го правиме во рамките на законот, а вашата хистерија и фрустрација оставете ги за некои други области, таму каде што можеби ќе се најдете себеси - рече градоначалникот Зоран Дамјановски, на денешната свеченост во градинката „Ангел Шајче„.