×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Неосновани се обвинувањата на ДПА

    12.11.2010 14:55 | KumanovoNews

     Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска на прес конференција ги нарече политикантски тврдењата на советниот на ДПА Халил Куртиши, дека за Денот на ослободувањето на градот, намерно било изоставено поставувањето на албанското знаме на зградата на Општината.

    Дамјановски: Неосновани се обвинувањата на ДПА

    На зградата на Општината за празникот беа поставени државните знамиња на земјите од каде што пристигнаа делегациите на збратимените градови.Тоа е единствената причина за нивно истакнување и друга позадина нема.За празникот имавме покането гости и од градовите Гњилане од Косово и Драч од Албанија. Поканет беше и мојот личен пријател Ели Рама градоначалник на Тирана, но тие не дојдоа. Јас за добрата соработка со Тирана и донацијата за поплавите добив признание од Брисел и балканската мрежа на градовите. Затоа жално е, што вакви работи се користат за нарушување на етничките чувства во нашиот град- изјави градоначалникот Дамјановски.

    Тој ги отфрли и обвинувањата дека се развива само источниот дел на градот на сметка на западниот, и ги наброи сите проекти: од асфалтирање на улици, поставување на канализациона мрежа и инвестиции во училиштата кои се реализирани во текот на годината.

    Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на вакви меѓуетнички провокации, не од политичари, туку јас би ги нарекол политиканти, бидејќи ова нема врска со политиката - рече Дамјановски.

    На зградата на Општината за Денот на градот покрај македонското, и знамето на градот беа поставени и знамињата на Србија, Романија, Турција, Словенија и Босна и Херцеговина во чест на гостите.