×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски отфрла непотизам во СДСМ

    18.01.2011 16:28 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска ги отфрли изнесените тврдења од ВМРО-ДПМНЕ дека во општината Куманово има непотизам, и се вработуваат само партиски кадри по роднински врски.

    Дамјановски отфрла непотизам во СДСМ

    Тој тврди дека во Локалната самоуправа во изминатиот период нашле вработување 30 луѓе од помалите етнички заедници, припадници на други политички опции  и луѓе кои воопшо не се партиски определени. Вели дека меѓу вработените има и блиски роднини на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и околу 300 вработени во образованието со партиска книшка на опонентната партија.

    Затоа сакам да запрашам, каде работат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, нивните сопруги, портпаролот и неговата сопруга, сопругите на пратениците и роднините на нивните најтесни семјства, браќа и сестри? Не можат тие да ја дефокусираат јавноста, да се служат со популистички методи, и да обвинуваат други за непотизам. Затоа ги повикувам заедно да ги разгледаме сите вработувања во изминатиот петгодишен периодот, па да видиме кој, кога и каде вработувал. Притоа ве потсетувам и за избрканите работници од Центарот за социјални работи, на чие место доведовте партиски луѓе. Јас одговорно тврдам дека при вработувањата во општината се запазени професионалните, а не партиски и роднински криетериуми - рече Дамјановски.

    Во однос на обвинувањата на советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Николовски дека треба прво да обезбеди паркинг места во градот, па потоа да воведува пајак служба градоначалникот вината ја префрли кај централната власт, обвинувајќи дека Министерството за транспорт и врски две години не издало одобрение на урбанистичките планови во централното градско подрачје, каде е предвидена изградба на катните гаражи.

    Сега пак ве прашувам уште колку време ќе ви биде потребно за да ни го дадете земјиштето на користење и да започнеме со реализација на предвидените проекти. Со вакво одолговлекување на постапките, граѓаните сами ќе увидат каде е вината во застојот на капиталните инвестиции -  рече Дамјановски.

    Воведувањето на ред во сообраќајниот хаос во паркирањето според Дамкајновски ќе се реши со зонското паркирање и пајак службата, која ќе ги казни возачите кои ги узурпираат јавните површини.