×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со глупави прес-конференции

    09.02.2011 20:15 | KumanovoNews

     Градоначалникот Зоран Дамјановски ги нарече глупави и нарачани прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, на кои се изнесуваат паушални и невистинити обвинувања кон него и раководството на СДСМ.

    Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со глупави прес-конференции

    Наводите дека не се оградил од изјавите на неговиот струмички колега, и објавите за непотизам во медиумите ги смета за обид на владејачката партија да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, во време на голема политичка криза во Република Македонија.

    Изјавата на градоначалникот Заев е негов личен став, и тоа е негова перцепција за политиката и за начинот за решавање на проблемите. Јас немам никакво право да го дементирам, ниту да го подржувам, бидејќи тоа не е став на политиката на СДСМ. За својата изјава тој ќе си носи одговорност пред македонската јавност и пред надлежните фактори ако има прекршување и злоупотреба на позицијата градоначалник и потпредседател на СДСМ. Затоа ги молам политичарчињата од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да прават глупави прес-конференции каде немaјќи што да кажат, бараат нелогични одговори од луѓе кои не се задолжени за тоа- рече градоначалникот Дамјановски.

    За платените политички реклами за вработување на партиски кадри во општинската администрација што деновиве се објавуваат во дневните весници,  градоначалникот размислува за судска разврска.

    Се работи за неосновани обвинувања, бидејќи секретарот Оливер Спасовски работи веќе 10 години во општината, еден од споментите воопшто не е вработен, туку повремено врши фотографски услуги на културните манифестации, а кумашинско-кумски врски воопшто не постојат -дециден е градоначалникот.

    Тој им порача на претставниците на власта да не се занимаваат со ситен популизам, и да сејат раздор меѓу граѓанит, e туку да го почитуваат  нивниот изборот како демократски процес во кој партиите ја добиваат и губат подршката на избори.