Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Нам од Централата кои работиме на ,,Бихаќка‘‘ многу ни е лесно да почнеме да тераме избори од Куманово. Куманово бил, е и ќе биде победнички град. Куманово е бастион на социјалдемократијата„.
Вака го започна обраќањето до преполната сала членови и симпатизери на СДСМ на синоќешната трибиона во Куманово Ана Павловска - Данева, член на Централниот одбор и еден од тројцата потпретседатели на СДСМ и измами долготраен аплауз од присутните. Таа говореше за актуелните состојби во Македонија пред изборите.
,,На претстојните избори СДСМ настапува на два начина - минималистички и максималистички. Минималистичката цел би ни била да освоиме доволен број кандисдати за пратенички мандати и со други политички субјекти да формираме влада. Максималистичката цел би ни била сами да дојдеме до мандат. Тоа би била вистинска победа, како што вели претседателот Црвенковски. Тоа е триумф што, длабоко сум уверена, на 5 јуни ќе го славиме. Петти мај е рокот до кога треба да ги доставиме кандидатските листи до Државната изборна комисија. Најдоцна до крајот на месецов треба да се одржи и Конгресот на СДСМ на кој ќе бидат усвоени кандидатските листи. Листите треба да содржат имиња што треба навистина да ,,повлечат‘‘, имиња кои ќе направат пресврт во денешнава прилично апатична атмосфера во државата. Колку што ќе биде поголема излезноста на изборите, толку е поизвесна победата на опозицијата. Потребни се луѓе на листите кои можат да направат ,,прекршување‘‘ на неопределените избирачи, кои ќе пробудат емоции и ќе ги разбудат граѓаните кои го допреа дното со овие од портокаловата војска кои владеат последниве пет години. На Конгресот на СДСМ ќе биде усвоена и нашата изборна програма што деновиве се изготвува заедно со граѓаните. Ветувањата ќе бидат остварливи и издржани, ниту премногу да ветуваме, ниту да зборуваме во ракавици. Со такви проекти како на ВМРО-ДПМНЕ од типот пат од 3 километри, корпа за отпадоци во паркот, СДСМ нема да излегува, ние излегуваме со сериозна програма за сериозни проблеми. Најголемо внимание ќе обрнеме на економијата. Сериозно ќе настапуваме за на граѓаните да им го вратиме се‘ она што им е украдено од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите пет години во демократијата, во слободоумноста, слободата на медиумите, во здравството, образованието. Уште во првите месеци од владеењето ќе ги ревидираме сите оние закони кои донесоа сериозно незадоволство кај граѓаните‘‘ - рече на трибината Павловска-Данева.