×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Давидовиќ: Спремни сме за нови предизвици

    23.02.2011 14:21 | KumanovoNews

     Во седиштето на Општинската организација на СДСМ на прес-конференција се претстави новоизбраниот претседател на Социјалдемократската младина на Куманово Младен Давидовиќ и новите  членови на Извршниот и Надзорен одбор.

    Давидовиќ: Спремни сме за нови предизвици

    Новиот лидер во својата промотивна изјава за медиумите изјави:

    Социјалдемократската младина на Куманово денес претставува реформиран субјект со нови идеи, со нови сили, со нова програма и со нов пристап. Стануваме сериозни и стабилни и спремни сме да се соочиме со предизвиците. Нашите главни мотиви и интереси се да го направиме Куманово поубаво место за живеење за секој млад човек. Сакаме да влеземе во сите средини и во секој дом, да допреме до секој млад човек, да дадеме предлог за решавање на секој проблем на младите, ќе се залагаме спортските турнири да ни бидат секојдневие, секогаш да ги полниме спортските објекти што ни ги изгради локалната самоуправа на чело со нашиот градоначалник Зоран Дамјановски. Сега, како организирана и стабилна сила на младите социјалдемократи сме подготвени да ја победиме оваа погубна политика на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.   

    Давидовиќ е професор по физичко воспитување и акламативно беше избран на седницата одржана во понеделникот.