Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На градскиот плоштад во Куманово денеска по 15. пат се одржа хуманитарната манифестација „Дедо Мраз на мотор“, која ја организира Мото клубот „Мечки“ од Куманово.
На плоштадот пристигнаа 80-тина моторџии од Куманово, Скопје и Свети Николе, кои поделија подароци и слатки за најмладите.
„Убавото време измами повеќе учесници, но и препознатливоста на ова манифестација придонесе за поголем одзив. Се она што го сторивме во изминатите 14 години се добро познати на кумановчани“, изјави Виктор Михајловски, член на клубот „Мечки“.
Донацијата за Дневниот центар за лица со посебни потреби и ситните подароци кои ги поделија на дечињата и посетителите на плоштадот се обезбедени од сопствени средства на мото клубот Мечки и спонзори.
На дечињата им беа поделени играчки, кроасани, чоколатца и други ситници. Скоро сите дечиња успеаја и да се сликаат со Дедо Мраз на мотори. Воодужевени, насмеани и весели тие беа вистински импресионирани и благодарни за подароците.
Дека популарното „бајкерството“ не е само за машкиот пол, што го докажува и единствената девојка која учествуваше на настанот.
„Денеска втор пат учествувам во дефилето и акцијата. Голем љубител сум на моторите и брзината, верувам дека така и ќе остане. Иако не сум официјален член на клубот планирам да се приклучам во скоро време. Но, не сум едниственото женско, само денеска другите девојки не присуствуваат, но секако се вклучени во другите активности“, истакна Дафина Антоновска.
Мото на денешното дружење беше „Тажните најубаво се смеат“, а членови на клубот ветуваат дека и во иднина ќе продолжат со ваквите претпразнични, хуманитарни манифестации.
Празничната атмосфера беше надополнета со пригодни божиќни песни.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk