Дедо Mраз пристигна во кумановските градинки
23.12.2010 14:04
| KumanovoNews
Во чест на Дедо Mраз, а пред своите родители, најмладите преку песнички и игра покажаа што научиле во текот на годината што изминува.

Од вчера започнаа новогодишните приредби во кумановските градинки „Ангел Шајче„. Во чест на Дедо Mраз, а пред своите родители, најмладите преку песнички и игра покажаа што научиле во текот на годината што изминува. За возврат Дедо Мраз на децата им додели новогодишни пакетчиња.
Во наредните неколку дена новогодишните приредби ќе се одржуваат сите објекти.