×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денес e Светски ден на театарот

    27.03.2011 07:35 | KumanovoNews

     Светскиот ден на театарот е востановен во 1962 година и денес се одбележува во стотина земји од националните театарски институти.

    Денес e Светски ден на театарот

    Секоја година истакната личност од театарот пишува меѓународна порака во име на Интернационалниот театарски институтот, што УНЕСКО го формирал во 1948 година. Таа се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред почетокот на претставите во театрите низ светот. Македонскиот театарски институт се придружи на одбележувањето во 1997 година и оттогаш и личност од областа на театарот во Македонија пишува национална  порака, која заедно со светската се чита на денот на театарот.




    Годинава, националната порака ја напиша режисерот Александар Поповски. Во неа, Поповски театарот го нарекува театар на слободен пад - територија ослободена од законите на гравитација и законите на општеството.