×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска е Прочка да си ги простиме гревовите

    22.02.2015 09:58 | KumanovoNews

    Денеска е големиот христијанскиот празник Прочка, ден кога луѓето си ги простуваат гревовите едни на други.

    Денеска е Прочка да си ги простиме гревовите

    Прочка го менува датумот, но секогаш се паѓа во недела. На овој празник помладите им се обраќаат на постарите со зборовите “Прости ми“, а постарите враќаат “Простено нека ти е и од мене и од Бога“.

    Од Кумановско - осоговската епархија објаснуваат дела утринава во верските храмови се одржа литургија, каде верниците со своето присуствтво бараат милост од Бога да им се простат гревовите.

    “Исус кажал “Со каква мерка мериш, со таква и тебе ќе ти биде мерено“. Не е важно дали помладите ќе одат кај постарите или обратно, важно е да им ги простиме гревовиве на оние кои ни згрешиле. Треба да се развие свеста кај луѓето дека треба да простуваме. Простувајќи им ги гревовиве на другите се доближуваме до Бога. Треба да се дојде на литургија и да кажеме молитва за простување“- рече Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.

    Домаќинките се подготвуваат за Прочка, за да ги пречекаат најблиските и да си простат.

    “Денеска се сука баница бидејќи така останало од старите. Ќе имаме за ручек сарма и торта сунѓерка. Доаѓаат синовите, снаите, внуците и иако не сме си згрешиле си велиме “Прости ми„ и “Простено нека ти е“. Ќе си честитаме празник, ќе се видиме. Како дете се сеќавам дека во маало се палеа огнови за Прочка, но во урбана средина тоа веќе го нема“- кажа Зора Ивановска, граѓанка.

    Еден од обичаите кој е врзан со празникот е и амкањето на јајце. Кога ќе се собере семејството, варено јајце врзувале на конец и додека домаќинот го врател јајцето, другите се обидувале да го гризнат. Потоа конецот се палел и ако брзо гори, се верувало дека годината ќе биде среќна и бериќетна за семејството.