Денеска пристигна летото
21.06.2013 09:13
| KumanovoNews
Нa северната хемисфера на Земјата денеска и календарски почна летото.

Утринава во 7 часот и 4 минути на северната полутопка пристигна летото, додека на јужната полутопка настапи зимата.
Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември во 22 часот и 44 минути, кога ќе почне есента.
Денешниот ден е најдолг во годината и ќе трае 15 часа 14 минути, а ноќта е најкратка 8 часа и 46 минути.