Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ѓурѓовден, се празнува секоја година на 6 мај. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува природата и животот. Покрај христијаните,го слави и друго население во Македонија.
Св. Георгиј како дете останал без татко, и со мајка му се преселиле во Палестина, каде што го минал детството посетувајќи ги местата во кои Исус го проповедал своето учење и се стекнал со образование. Бил висок, убав и храбар поради што добил висока служба во војската. Подоцна кога умрела и мајака му целиот имот им го поделил на сиромашните.
На иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја, која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.
На Ѓурѓовден се изведуваат многу обичаи сврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај кога се берат врбови гранчиња со кои се закитуваат куќите. Според верувањето гранчињата ги штитат куќите од разни опасности, а нивите и родот од несреќа. На Гурѓовден наутро децата со црвено јајце се поминуваат по лицето за да бидат здрави и црвени.Во кумановско, Ѓурѓовден е домашна слава на многу семејства, а се празнува како селска слава во Табановце, Тромеѓа, Горно Којнаре и др.Празникот особено весело се прославува во ромската населба Средорек.