×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поради висок напон и ниска потрошувачка испадна преносниот систем, велат од МЕПСО

    18.05.2025 10:52 | KumanovoNews

    Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110-киловолтната преносна мрежа, што предизвика поголемиот дел од државата да остане без напојување со електрична енергија, соопштија од државната компанија за пренос на електрична енергија АД МЕПСО.

    Поради висок напон и ниска потрошувачка испадна преносниот систем, велат од МЕПСО

    „Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтна мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици. Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината“, велат од МЕПСО.

    По настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагирале и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата.

    „Екипите на АД МЕПСО продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем. Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија“, стои во соопштението.

    (фото: мепсо)