×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска се слави Петковден

    27.10.2010 09:15 | KumanovoNews

     Православните верници денес го чествуваат празникот посветен на Преподобна мајка Параскева, познат во народот како Петковден.

    Денеска се слави Петковден

    Со свети Богослужби, со водосвет и режење на славаските колачи се слави големиот христијански празнк во црквите во Куманово.

    Православната црква слави три светителки со името Света Петка. Денешната славна светителка потекнувала од богати и благочестиви христијани кои живееле во град близу Цариград. Уште од млади години светителката покажувала интерес кон монашкиот живот и кога починале родителите заминала во Јорданската пустина каде долго време живеела во молитва и пост.

    По долги години минати во пустината на светелката и се јавил ангел Божји кој и рекол да ја остави пустината и повторно да се врати во родното место каде поживеала уште две години и го предала својот дух на Бога. Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани во Цариград, во Трново, повторно во Цариград, во Белград, а сега се наоѓаат во Романија.

    Со името на големата павославна светителка се поврзани многу лековити и исцелителни извори кои се наречени петочни води.

    Голема почит имаат православните верници во кумановско кон светителката која во Јорданската пустина ги победи демонските искушенија. Утрово празникот се прослави со Света Богослужба во правосалвните светилишта, а вечерва многу семејства во домашна атмосфера ја слават нивната заштитничка.

    Со празникот Петковден започнаа домашните слави.