Денот на независноста ќе се слави на Спомен костурница
07.09.2010 12:11
| KumanovoNews
8-Септември, Денот на независноста на Република Македонија утре ќе се одбележи на Спомен костурницата на паднатите борци во Куманово.

Венци и свежо цвеќе ќе положат градоначалникот, советниците, претставници на политички партии, невладини организации, основни училишта, АРМ, Сојузот на борци и граѓани. Свечен говор ќе одржи градоначалникот Зоран Дамјановски. Свеченоста започнува во 11 часот.