×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денови на комедијата во Куманово се отвораат со претстава на велешкиот театар, на репертоарот 11 претстави

    14.09.2023 16:06 | Оливера Пешевска

      Со претставата „Синиот портокал“ на Театар Велес на 27 септември ќе биде отворено 26-то  издание на  Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2023“ во Куманово.

    Денови на комедијата во Куманово се отвораат со претстава  на велешкиот театар, на репертоарот 11 претстави

    На фестивалот ќе бидат прикажани 11 претстави на театри од Македонија,Хрватска,Србија и Бугарија во период од нешто повеќе од две недели.

     Според статистиките, Денови на комедијата е  најпопуларен театарски фестивал во државата, кој  пак втора година по ред ќе има натпреварувачки карактер.

                „Наградите за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, потоа најдобра сценографија, костимографија и најдобра режија ќе бидат доделени на 15 октомври, после прикажувањето на претставата „Обвинителка“,која веќе се прикажуваше пред кумановската публика и е надвор од фестивалската конкуренција“, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура.

       Покрај  „Синиот портокал“ на Театар Велес со кој ќе бидат отворен МТФ Денови на комедија 2023, следуваат претставите  „Ле кретен“ од Штип, „Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска, „Илуминати“ на Театар Комедија од Скопје,  „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија, „Граѓанинот благородник“ на тетовскиот театар, „Седумтте стола“на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Традиционално, фестивалот се затвора со премиера на претстава на Театар Куманово, на 14 октомври,а тоа ова година е преставата „Љубовна терапија“ која ја подготовува локалниот ансамбл.

     Билетите за 26-то издание на фестивалот ќе бидат пуштени во продажба во петок на 22 септември.

       „Билетите ќе се продаваат на касата на Центарот за култура.  Он-лајн продажба не е воведена поради високите банкарски провизии кои значително би ја покачила цената на билетот.Затоа, остануваме на воспоставениот принцип на работа-во последните неколку години не се даваат гратис карти, не се примаат резервации и се продаваат карти по принципот прв дојден прв услужен. Од минатата годинава го ограничиме бројот на 2 карти, значи секој ќе може да купи само билет за себе и еден придружник“,  објасни директорот Тодоровски.

     За  Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија од  Министерството за култура ова година  се обезбедени  600 илјади денари, а од Општина Куманово 250 илјади денари.Тоа се значително помали средства од оние кои беа доделени минатата година,кога од државната власт имаше  1 милион,а од локалната 400 илјади денари.