Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матичниот број на личноста ќе биде единствениот клуч за проверка на податоците кои ги даваат граѓаните со они кои се во другите бази.
Од први април кога стартува пописот на населението, во домаќинствата и становите ќе дојде по еден попишувач, освен на во средините со повеќе етнички заедници. На својот лап топ компјутер, надлежните ќе имаат около 60 прашања за личноста, но најголем дел од нив ќе бидат потврдени или лажирани од страна на граѓанинот кога ќе го каже својот матичен број.
Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски презентирајќи ја методологијата за пописот, убедува на строго почитување на здравствените протоколи.
Лицата кои се во странство, ќе имаа можност на самопопишување преку веб апликацијата која ќе започне да се користи од 1-ви март. Се дава можност и кажување на податоци за блиски луѓе од семејството, но тука нема да има опција за одговарање на прашањето за етничка припадност, религија и јазикот кој го користат. Давањето на информации во друго име веднаш ќе се проверува електронски.
Вкупното попишано населени е збир од овие две: како резидентно население ќе влезат државјани на Македонија со вообичаено место на живеење во државата, лицата кои поради работа или други причини се во странство помалку од една година, но и странците со регулиран престој повеќе од една година, односно во нерезидентно население ќе влезат македонските граѓани кои се во странство повеќе од 12 месеци и странците со одобрен престој во земјава помалку од една година.
Исто така, Законот предвидува глоба од 200 до 300 евра за оној кој ќе одбие и оној кој даде лажни информации. Пописот ќе трае од 1 до 21 април, а ДЗС резултатите треба да ги објави во рок од 6 месеци по неговото завршување.