Мени

Деветгодишно девојче повредено во сообраќајка на патот Куманово – Скопје

01.08.2026 14:01 | KumanovoNews

Деветгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од автомобил на регионалниот пат Куманово–Скопје.

Деветгодишно девојче повредено во сообраќајка на патот Куманово – Скопје

Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (20) од Куманово, удрило во девојчето.

Повреденото дете било пренесено во Општата болница Куманово, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.