×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски најавува изградба на споменик на бранителите во Куманово

    29.04.2022 09:44 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР кои загинаа во вооружениот напад во населбата Диво Насеље во 2015 година во Куманово.

    Димитриевски најавува изградба на споменик на бранителите во Куманово

    „Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на Здружението на ветераните "ЗАПВАРС" од Куманово за изградба на спомен обележје на сите кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од кумановските настани од 2015 година. Тие не задолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета“, истакна Димитриевски.

    Ова не е првпат да се ветува дека припадниците на армијата и полицијата, кои беа убиени во војната во 2001 година и терористичкиот напад во Диво насеље ќе добијат споменици, но тоа досега остана само како идеја.