Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не ги исполнуваат условите, и ќе има забрани за вршење на дејност за сите, најави премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на телевизија Сител.
„Денеска добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се проверени повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека е разговарано и со претседателот на ЗЕЛС под итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите оние објекти кои се под општинска надлежност.
„Комуналните инспектори да излезат на терен, да ги проверат настрешниците, терасите. Нема назад, тргнавме. Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата. Ние сме на страната на народот и државата и одиме до крај. Ќе добијат решителност“, рече премиерот Мицкоски.