Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два месеци по пуштањето на семафорите на улиците „11 Октомври„, „Гоце Делчев„ и „Доне Божинов„, сеуште десната коловозна трака е зафатена со непрописно паркирани автомобили, кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
Полицијата никако да го среди сообраќајниот хаос на раскрсниците во градот. Два месеци по пуштањето на семафорите на улиците „11 Октомври„, „Гоце Делчев„ и „Доне Божинов„, сеуште десната коловозна трака е зафатена со непрописно паркирани автомобили, кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
Џабе ни се семафорите кога едната трака е постојано зафатена со паркини возила до самата раскрсницата. Тие го попречуваат вртењето во десно и се создава колона во средната на коловозот. Срамота е ова што се работи, граѓаните ништо не почитуваат, а надлежните не се трудат да го спроведат законот - велат револтирано граѓаните.
Иако пред нос на полицијата се крши едно од најстрогите правила во сообраќајот, паркирање на раскрсница, тие не реагираат. Освен првите денови кога на раскрсниците беше поставен сообраќаец, досега никој не видел да се казнуваат прекршителите. Граѓаните велат дека поголем дел на автомобилите кои се оставени на улицата „11 Октомври„, пред знакот за забрането паркирање се токму на полицајците, судиите и општинарите, кои би требало да бидат пример за почитување на законските прописи во градот.