×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 15 Февруари пријавување на приходите за 2010

    17.01.2011 10:08 | KumanovoNews

     Сите правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. кои во текот на 2010 година извршиле исплата на приходи на физички лица.

    До 15 Февруари пријавување на приходите за 2010

     Сите правни лица, трговци поединци, занаетчии, лица кои вршат слободни занимања и др. кои во текот на 2010 година извршиле исплата на приходи на физички лица, по основ на лични примања, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал,приходи од имот и имотни права (закупнини),добивки од игри на среќа и други наградни игри и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни се до УЈП да поднесат Годишен извештај за бруто остварените приходи за пресметаниот и платениот данок и придонесите, како и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во изминатата година.

    Фирмите кои вршат откуп на земјоделски производи и по овој основ во 2010 година исплатиле приходи на физички лица, должни се до УЈП да достават Годишен извештај.

    Годишниот извештај треба да се поднесе најдоцна до 15 февруари 2011 година во даночните канцеларии на УЈП.

    На граѓанинот задолжително треба да му издадете збирна пресметка за исплатениот приход и платениот персонален данок, односно придонеси, во 2010 година.

    Доколку не се пријави приходот ќе биде изречена глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра.