×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дo кога ќе тапкаме во место со информатичката технологија?

    06.04.2011 14:14 | KumanovoNews

    Со вакво прашање излезе опозициската советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на Општината во врска со точката Предлог-програма за локален економски развој и развој на информатичката технологија на Општината Куманово за 2011 година.

    Дo кога ќе тапкаме во место со информатичката технологија?

    „Едно, двата сегмента од оваа програма, локалниот економски развој од една и развојот на информатичката технологија од друга страна речиси немаат допирни точки, а второ, предлагачот е далеку од тоа дека нешто поамбициозно има направено на планот на информатичката технологија во Општината‘‘ - рече советникот од опозицијата Бране Петрушевски и ја упати локалната администрација да се учи на примерите на една Крива Паланка, Штип, Битола итн.

    Неговата, прилично стручна дискусија во областа на информатичката технологија распали лавина од реплики од страна на советниците од СДСМ во стилот дека ,,ние не живееме ниту во Лондон ниту во Њујорк, туку во Куманово, на што ВМРО-вските советници возвратија дека ,,ако не живееме во Лондон не треба да се однесуваме како да живееме во Дренак или Шопско Рударе. Едукативно - политизирачката полемика сепак заврши со општопомирливиот заеднички став дека локалната самоуправа на Куманово мора да обнува многу посериозно внимнание на развојот на информатичката технологија и во таа насока беше прифатен ставот за почеток барем да се издвојат двата сегмента во двете развојни програми.