Добиточниот пазар ќе работи во понеделник, вторник и среда
19.09.2015 14:06
| KumanovoNews
Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре, со кое стопанисува Јавното претпријатие Пазариште, ќе работи во понеделник, вторник и среда, наредната недела.

Причината е поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам,затоа што е зголемената продажбата и побарувањето на добиток. Пазарот ќе биде отворен во вообичаеното работно време.
Со одлука на Советот на општината, ЈП Пазариште има обврска да им излезе во пресрет на граѓаните на Куманово пред големите празници.