Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се полесно повредени при судир на два автомобила на улицата „Никола Тесла„ во Куманово.
Сообраќајната несреќа се случила синоќа во 20.20 часот во близина на маркетот Ана, кога автомобил фолсфаген 1200, во моментот кога полукружно свртувал на улицата во него удрило венто кое доаѓало од населбата Долно Којнаре. Од ударот повредени се возачот С.Т.(62) и неговиот сопатник во фолсфагенот, додека возачот на вентото Љ.М.(40) поминал без повреди. Двајцата повредени со возило на Брза помош се пренесени во кумановската болница, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
При извршен алкотест било утврдено дека Љ.М. има 2.31 промила алкохол во крвта.
(фото-архива)