×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Домашни и странски театри на “Денови на комедија„

    23.09.2014 09:59 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од 1 до 12 октомври ќе се одржи 17 - от по ред меѓународен театарски фестивал “Денови на комедија - Куманово 2014“.

    Домашни и странски театри на “Денови на комедија„

    Манифестацијата ќе ја отвори  Театар комедија - Скопје со претставата “Стјуардеси“, во четврток на програмата е “Црногорец во кревет“ од Монтесцена Подгорица, Црна Гора, а во петок домаќините од кумановскиот театар на албански јазик ќе ја изведат “Вечера за глупаци“.

    На репертоарот се и претставите “Тартиф“, проект на НУ “Јордан Х.К.Џинот“ од Велес,  “Куде ми е жена“ од театарот “Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, комедијата “Ла“ на драмски театар “Никола Вапцаров“ од Благоевград, Бугарија,  Драмски театар Ќустендил ќе се претстави со “Ах, каква безумна ноќ“, “Војникот фалбаџија“ на Турски театар Скопје, Драмски театар Скопје ќе ја игра претставата “Жени во тесни чевли“. Сашко Коцев со стенд ап комедија “1000 зошто, 1000 затоа“ ќе го затвори фестивалот.

    Сите претстави почнуваат во 20 часот и билетите се во продажба.