Дожд и град во Куманово
19.11.2014 15:54
| KumanovoNews
Силнo невреме проследено со град, дожд и грмотевици, попладнево го зафати Куманово.
Невремето почна околу 16.30 минути. Градот паѓаше само неколку минути, но успеја да ја побели земјата и улиците, и потоа премина во дожд.
Синоќа и во текот на ноќта во Куманово наврнаа 42 литри на метар квадратен дожд, што предизвика излевање на реките и поплави во повеќе населби. Повторните врнежи ќе ја отежнат состојбата во поплавените подрачја.