×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПА: Градоначалникот да се сврти и кон западниот дел на Куманово

    28.12.2010 14:59 | KumanovoNews

     На прес-конференција претседателот на Огранокот на ДПА и советник во Советот на општината Куманово Халил Куртиши го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски дека води политика на двоен аршин во комуналната изградба и уредување на градот, односно дека го гради и дотерува само источниот дел претежно населен со Македонци.

    ДПА: Градоначалникот да се сврти и кон западниот дел на Куманово

     „Во деловите со граѓани од албанско етничко потекло, како што е т.н. ,,Населба зад стадионот‘‘ сите улички и сокачиња се без асвалт, пливаат во вода и кал, немаат канализација. Иста е ситуацијата и во другите делови од западната страна на Куманово каде живеат Албанците,кои повеќе наликуваат на средовековни касаби, а не на населени места од 21 век„ - укажува советникот Куртиши и потсетува дека и граѓаните-Албанци се граѓани на Куманово и ги плаќаат сите давачки кон државата и Општината.

    На забелешката на новинарите дека во буквално во сите делови на Куманово има црни дупки во комуналната инфраструктура како што се Средорек, населбите ,,Перо Чичо‘‘, ,,Карпош,, или ,,Пуковско‘‘, Советникот Куртиши возврати дека има разбирање за комуналните проблеми на сите граѓани но тој, во случајов, е должен да ги застапува своите избирачи кои му дале доверба да се бори за нивните интереси.

    Куртиши не е задоволен од локалната власт и во однос на употребата на албанскиот јазик во Општината и написите во градот, како и организирањето на културните манифестации каде не биле ангажирани пејачи Албанци.