×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПА незадоволна од развојот на западно Куманово

    19.10.2010 12:16 | KumanovoNews

     Советникот на ДПА Халил Куртиши се закани дека неговата партија ќе бара Куманово да се подели на два дела доколку не се започне со рамномерен и подеднаков развој на целата територија на градот.

    ДПА незадоволна од развојот на западно Куманово

     Тој на последната седница на Советот го обвини градоначалникот дека го гради само источниот дел на градот на сметка на западниот.

    Барам од градоначалникот да не го дели градот на македонски и албански, бидејќи инвестициите на Општината се насочени само во еден дел. Кај нас има улици и инфраструктура од пред 50 години и луѓето живеат во кал. Затоа барам да се води сметка во идните планови да се вклучат и другите населени места. Граѓаните коментираат дека источниот дел наликува на европски град, додека западниот дел е запуштена селска средина. Ако не се прифати нашето барање, ние ќе ги повикаме на граѓанска непослушност. Ако нема резултати ние сме принудени како политичка партија, како советници и граѓани да бараме градот дa се подели на два етникума. Ние Албанците ќе бираме свој градоначалник што ќе ги застапува нашите интереси - вели Куртиши.   

    Обвинувањата на советникот, градоначалникот ги нарече националистички со тенденција на етничка омраза, кои не се во интерес на граѓаните на Куманово, туку на политичкиот маркетинг на една партија.

    Локалната самоуправа во изминатите две години направи повеќе улици во западниот дел на градот, меѓу кои се „Цар Самоил„, „Никола Вапцаров„, „Поток Серава„, „Младен Стојановиќ„,изградба на училишта, водовод и канализација и ред други работи за кои е потрошени 70 милиони денари. Куманово нема буџет на Њујорк од неколку милијарди долари, туку само 2,7 милиони евра за инфраструктурни инвестиции. Ако ви одговорам на начинот на кој вие размислувате, тогаш треба да ве прашам која е вашата улога како политичар во промоција за плаќање на комуналните и даночни обврски кон Општината. Дали знаете дека 70 насто од населените места каде живее албанско население не се плаќаат сметките за ѓубрарина и вода. Ако сте политичар и ако сакате граѓанско општество тогаш треба да се борите сите да сме рамноправни. Вие само ги барате обврските од локалната самоуправа, а одговорноста не ја прифаќате. Јас како градоначалник сум прифатен и од Албанците како мои сограѓани и до крајот на мандатот нема да ги делам граѓаните и градот по ниедна основа. За мене сите граѓани имаат еднакви права и јас ги почитувам сите верски и политички определби - одговори на обвинувањата градоначалникот  Зоран Дамјановски.