×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДПСМ го отвори општинскиот изборен штаб

    21.02.2013 11:02 | KumanovoNews

    Демократската партија на Србите во Македонија, синоќа го отвори општинскиот изборен штаб во Куманово.

    ДПСМ го отвори општинскиот изборен штаб

    Промоцијата се одржа во присуство на највисокото партиско раководство, кандидатите за градоначалник и листата на советници од Коалицијата за подобра Македонија, како и членови и симпатизери на партијата.

    Во општинскиот изборен штаб ќе се вршат сите потребни подготовки и активности за престојните локални избори. Ние ќе отвориме повеќе изборни штабови во општината за потребите на кампањата. Оваа вечер сакавме да се видиме со нашите членови и симпатизери, да им ја објасниме политиката и она што не очекува во наредниот период, се со единствена цел да оствариме убедлива победа со Коалицијата за подобра Македонија- изјави Бобан Јаќимовиќ, претседател на ДПСМ Куманово.

    На присутните им се обратија и претседателот на ДПСМ Иван Стоилковиќ, кандидатите за градоначалници на Куманово и Старо Нагоричане Зоран Ѓеорѓиевски и Милован Стојковски и носителот на листата за советници во Куманово Драган Петковски.

    Сите најавија голема победа, преземање на локалната власт и развој на општините Куманово и Старо Нагоричане.