Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Народниот театар Куманово утре во 12 часот ќе се одржи Светосавска академија, како дел од програмата што ја организира Министерството за култура по повод националниот празник на Србите во Македонија.
На прославата пригодна беседа за Свети Сава ќе одржи академик Матија Беќковиќ, по што ќе следува културно-уметничка-образовна програма со актерите Момир Брадиќ и Лане Гутовиќ, како и учениците од ОУ „Светозар Марковиќ„ од Старо Нагоричане.
Централната манифестација на прославата на Свети Сава ќе се одржи во Македонската опера и балет, со пригодна програма каде се очекува да присуствуваат еминентни лица од политичкиот и општествен живот во Македонија и Србија. Поздравен говор во име на Владата ќе одржи премиерот Никола Груевски, а ќе се обрати и нашиот лидер Иван Стиљковиќ - вели Горан Стојковиќ, генералнен секретар во ДПСМ.
Партијата организира превоз за сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на Акедемијата во Скопје. Автобусите ќе тргнат во 17 часот од пред ординацијата на доктор Гоше.