ДПСМ организираше осмомартовска забава
05.03.2011 12:24
| KumanovoNews
По повод празникот на жената 8 март, Активот на жените на Демократската партија на Србите во Македонија, организираше прием за своите членки и пријателки на партијата.

На коктелот присуствуваа над 200 припаднички на понежниот пол, на кои празникот им го честиташе претседателката Емилија Томиќ. Присутните дами ги поздравија и членовите на највисокото партиско раководство.