Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Демократската партија на Србите во Македонија, синоќа отвори општински изборен штаб на булеварот „Октомвриска револуција„ во близина на Мај- маркет.
Штабот го промовираше лидерот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ, во присуство на првите соработници од централното и општинско раководство,членовите и симпатизери на партијата.
Столб на партијата е кумановската организација, и тука планираме да отвориме 10 наши штабови до 1 Мај. По празниците влегуваме во директни подготовки на предизборната кампања.Независно што на изборите ќе настапиме во коалиција, ние имаме и своја кампања, која ќе биде насочена кон српското бирачко тело. Не се сомневам дека и на овие избори владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што и ние учествуваме ќе извојува уште една убедлива победа, а потоа ќе ги реализираме започнатите проекти-рече Стоиљковиќ.
Шеф на централниот изборен штаб ќе биде заменик претседателот Драган Недељковиќ, регионалните ќе ги води генералниот секретар на партијата Горан Стојковиќ, а општинскиот изборен штаб Бобан Јакимовиќ, претседател на огранокот во Куманово.
Според Стоиљковиќ ДПСМ е најсилна и најорганизирана политичка структура на Србите во Македонија, со квалитетни луѓе кои можат да помогнат во процесот на реформите во државата.