×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДРОМ бара тутори кои ќе работат со деца Роми

    19.09.2015 12:21 | KumanovoNews

    Невладината организација ДРОМ заедно со уште неколку организации од земјава, бара тутори кои би работеле со ученици Роми од основните училишта.

    ДРОМ бара тутори кои ќе работат со деца Роми

    Проектот  носи наслов „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонија“. Проектот финансиски целосно е поддржан од Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта, а Министертвото за образование и наука  го поддржува проектот со вклучување на 20 локални медијатори во 16 општини во Македонија.

    Главна цел на проектот е да се придонесе кон зголемување на проодноста и образовните резултати кај учениците Роми кои учат во четврто, петто и шестто одделение во основното образование во државата. Во рамките на проектот ќе се обезбеди дополнителна образовна/туторска поддршка на 1600 ученици Роми во учебната 2015/2016 година кои покажуваат слаби образовни резултати, а се вклучени во четврто, петто и шесто одделение на ниво на Р.Македонија. Заинтересираните повеќе информации за огласот можат да добијат во ДРОМ во локалитет Серава 5/7а Куманово.