Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Багрем висок десетина метри денеска напладне падна и поклопи паркиран автомобил пред Пензионерскиот дом во Куманово. Никој од минувачите и сопствениците на околкните дуќани не е повреден.
Седевме пред продавницата кога пред нас падна дрвото. Да бевме на улица и нас ќе не поклопеше. Овој ден треба да го забележиме со црвени букви-вели еден од очевидците.
Тие кажуваат дека од силниот ветар, синоќа биле скинати електричните жици, поради што екипи на ЕВН утринава ги смениле. При тоа никој не го забележал дрвото кое нејверојатно пукнало од невремето. Автомобилот корса врз кој падна дрвото е на газдата на еден од дуќанџиите.
Ќе видиме колку е оштетен кога ќе го тргнат дрвото- вели сопстевникот.
На терен излегоа екипи на ЕВН и ЈП„Чистота и зеленило„ кои со дигалка го отсрани стеблото за да го извлечат автомобилот. Увид изврши и полицијата.
Од силниот ветар и невремето вчера попладне паднале уште неколку дрвја во градот, но не предизвикале штета.